• вторник, 24 декември 2024

Најмалку 33 лица загинаа во лавини во Турција

Најмалку 33 лица загинаа во лавини во Турција
Анкара, 5 февруари 2020 (МИА) - Бројот на загинати во двете лавини во источниот дел на Турција се зголеми на 33 луѓе, јави Анадолија. Околу 300 припадници на итната служба се повикани да интервенираат во близина на градот Бачесехир, кој е опкружен со планини, а се наоѓа во провинцијата Ван - во близина на границата со Иран. Тие биле повикани по лавината во која синоќа загинаа пет лица. Денеска, околу пладне, втора лавина падна врз спасувачите, а властите соопштија дека од снегот на стрмната падина биле извлечени безживотните тела на најмалку 26 спасувачи. Во лавините се повредени и 53 лица. Гувернерот на провинцијата Ван, Мехмет Емин Билмез изјави дека меѓу загинатите има осуммина воени полицајци, тројца припадници на селска стража, тројца пожарникари и деветмина доброволци. Билмез посочи дека тимот за итни случаи трага по колегите кои можеби се уште се затрупани под снегот. ссм/  

Остани поврзан