• петок, 22 ноември 2024

Најмалку 21 лице загина во текот на протестите во Нигерија поради скапотијата во земјата

Најмалку 21 лице загина во текот на протестите во Нигерија поради скапотијата во земјата

Лагос, 7 август 2024 (МИА) - Најмалку 21 лице загина во Нигерија за време на протестите поради високите цени, соопшти денеска невладината организација Амнести интернешнел.

Организацијата минатата недела соопшти дека најмалку 13 лица загинале за време на демонстрациите што започнаа минатиот четврток кога илјадници незадоволни граѓани се собраа низ целата земја и се судрија со полицијата.

Полицијата употреби солзавец и пукаше во воздух.

Амнести интернешнел ги осуди и бара истрага за дејствијата на полицијата, како и истрага за смртните случаи за време на протестите, додека полицијата и армијата негираат одговорност.

Најнаселената земја во Африка, Нигерија минува низ сериозна економска криза по реформите спроведени од претседателот Бола Ахмед Тинубу, кој дојде на власт во мај 2023 година.

Демонстрантите бараат од претседателот да повлече некои реформи, како што е укинување на субвенциите за гориво и да се стави крај на страдањето и гладот. паг/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан