• понеделник, 23 декември 2024

Најмалку 20 Рохинџи починале плутајќи два месеци на море

Најмалку 20 Рохинџи починале плутајќи два месеци на море
Дака, 16 април 2020 (МИА) - Најмалку 20 лица, припадници на заедницата Рохинџи, починале на еден брод со околу 400 гладни луѓе, соопшти крајбрежната стража на Бангладеш. Бродот бил спасен вчера, откако не успеал да стигне до Малезија поради што плутал со недели. - Тие биле на море околу два месеци и умирале од глад, изјави припадник на крајбрежната стража. Тој додаде дека е донесена „конечна одлука“ 382 луѓе од бродот да се испратат во соседен Мјанмар, од каде потекнуваат Рохинџите. јт/

Остани поврзан