• понеделник, 23 декември 2024

Најмалку 17 убиени демонстранти во Мјанмар

Најмалку 17 убиени демонстранти во Мјанмар
Јангон, 14 март 2021 (МИА) - Безбедносните сили денеска убија најмалку 14 демонстранти во сиромашно, индустриско предградие на најголемиот град во Мјанмар, Јангон. Во реонот е воведена воена состојба, објавија локалните медиуми. Уште најмалку три лица загинаа во еден од најкрвавите денови од почетокот на протестите против воениот преврат во земјата на 1 февруари. Меѓу жртвите е и еден полицаец. Политичарите соборени од воениот удар го повикаа народот да „револуција“. Бројот на загинати од почетокот на протестите достигна околу 100 лица, а повеќе од 2.100 луѓе се приведени досега, според вчерашните податоци на активистите. Кинеската амбасада во Мјанмар, пак, ги повика властите да го заштитат кинескиот имот и граѓаните во земјата, откако од страна на непознати напаѓачи беа запалени две фабрики за облека, финансирани од Кина. Неколку лица, вклучително и кинески државјани, беа повредени. гт/

Остани поврзан