• понеделник, 20 мај 2024

Најмалку 17 загинати при лизгање на земјиште во Непал

Најмалку 17 загинати при лизгање на земјиште во Непал
Катманду, 17 септември 2022 (МИА) - Најмалку 17 лица загинаа, а неколку беа повредени при лизгање на земјиштето предизвикано од обилните дождови во оддалечените планински области на Непал, соопштија локалните власти. Операцијата за пребарување и спасување започна рано утрово. Спасувачите извлекле 17 тела од три локации во областа Ахам, изјави локалниот претставник Дипеш Ријал. „Извлековме единаесет луѓе кои беа живи закопани во калта, од кои на тројца им е потребна медицинска помош поради сериозни повреди“, изјави Ријал за ДПА. „Ќе го утврдиме бројот на оштетените куќи и ќе почнеме да испраќаме пакети со помош по завршувањето на спасувачката операција“, додаде тој. Ријал исто така рече дека во моментов се трага по најмалку шест лица кои се пријавени за исчезнати. Во Непал поради планинскиот релјеф и големите реки чести се природните катастрофи. паг/
 

Остани поврзан