• петок, 22 ноември 2024

Најмалку 17 загинати во свлечиште на депонија во Уганда

Најмалку 17 загинати во свлечиште  на депонија  во Уганда

Кампала, 12 август 2024 (МИА) - Најмалку 17 луѓе загинаа во лизгање на земјиште на огромна депонија во главниот град на Уганда, Кампала.

Спасувачите продолжуваат да ја пребаруваат депонијата со надеж дека ќе најдат уште преживеани.

Одронот се случи по неколкунеделни обилни врнежи од дождови.

Ѓубрето од цела Кампала, дом на околу четири милиони луѓе, пристигнува во депонијата Китези.

-Се плашевме дека може да се случи вакво нешто. Можеби многу, многу повеќе луѓе се затрупани, изјави градоначалникот на Кампала, Ериас Лукваго, пренесе Би-Би-Си.

Градските власти со години се обидуваат да најдат ново место за депонирање на отпадот.

Свлечиштето се активирало во петокот доцна вечерта и ги затрупало околните куќи додека луѓето спиеле.

Претседателот Јовери Мусевени нареди истрага за тоа како на луѓето им е дозволено да живеат толку блиску до потенцијално опасната депонија. Многу луѓе ја пребаруваат депонијата и заработуваат за живот со продажба на работите што ќе ги најдат.сд/

фото:ЕПА

Остани поврзан