• сабота, 23 ноември 2024

Најмалку 16 повредени откако автомобил удри во толпа во Мексико

Најмалку 16 повредени откако автомобил удри во толпа во Мексико

Мексико Сити, 27 октомври 2024 (МИА) – Најмалку 16 лица се повредени кога автомобил вечерва удри во толпа пред катедрала во Мексико, соопштија локалните власти.

Едно лице украло пикап во близина на локалниот пазар и се упатило кон плоштадот пред катедралата во Гвадалахара во обид да избега.

Мануел Ромо, генералниот секретар на владата, за локалните медиуми изјави дека повредените имаат 14 години. Тој рече дека осомничениот е во притвор.

- За среќа, сите се стабилни и ги контактиравме сите семејства, рече Вероника Делгадило, градоначалничка на Гвадалахара. јт/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан