• недела, 22 декември 2024

Најмалку 16 жртви во свлечишта во Перу

Најмалку 16 жртви во свлечишта во Перу

Лима, 9 февруари 2023 (МИА) – Во свлечишта во јужниот дел на Перу досега загинаа 16 лица, 27 се повредени, а 20 се водат како исчезнати, соопштија вечерва локалните власти, додавајќи дека повеќе од 12.000 луѓе се во опасност.

Во претходниот биланс за жртви во одроните што се случија во неделата по обилните врнежи имаше 15 загинати и 20 повредени.

Перуанската претседателка Дина Болуарте, која од декември се соочува со бран протести со барање за нејзина оставка и распуштање на парламентот, во вторникот го посети загрозениот регион познат по своите рударски активности.

Според локалните власти, постои голема веројатност дека некои рудари останале заробени во урнатите рудници за злато. јт/

Остани поврзан