• четврток, 04 јули 2024

Најмалку 15 лица загинаа при принудно слетување на авион во Индија

Најмалку 15 лица загинаа при принудно слетување на авион во Индија
Њу Делхи, 7 август 2020 (МИА) – Најмалку 15 лица загинаа, а десетици се повредени кога авион на „Ер Индија“ со 191 патници принудно слетал на аеродромот Каликут во индискиот град Керала. Според локалните медиуми, авионот што доаѓал од Дубаи се лизнал од пистата и се преполовил, а несреќата се случила во време кога во тој дел на Индија врнел силен дожд. Началникот на полицијата во државата Керала изјави дека 15 лица загинале и оти најмалку четири патници се заглавени во остатоците од авионот. Авионот ги враќал Индијците кои останале „заглавени“ во Дубаи поради пандемијата на коронавирусот. јт/

Остани поврзан