• петок, 05 декември 2025

Најмалку 15 загинати во израелски напади врз Појасот Газа

Најмалку 15 загинати во израелски напади врз Појасот Газа

Газа, 24 септември 2025 (МИА) - Најмалку 15 лица загинаа денеска во израелски напади во Појасот Газа, објави Цивилната заштита на палестинската територија.

Според службите за итни случаи на градот Газа, најмалку седум лица загинаа во три воздушни напади. Целите биле општински магацин и шатори каде што се сместени раселените лица во близина на пазарот во центарот на градот.

Пет лица загинаа во два напада врз бегалскиот камп Нусеират, во централниот дел на Појасот Газа, а три во други напади во градот Газа.

Минатата недела, Израел објави за започнување на големите копнени и воздушни воени операции во градот Газа, со цел уништување на палестинското движење Хамас.сд/

фото: ЕПА

Остани поврзан