Најмалку 14 лица загинаа откако брод со мигранти се судри со крајбрежна стража кај Турција
- Британските медиуми пренесуваат дека несреќата се случила откако бродот со мигранти се обидел да избега и покрај предупредувањата да застане.
Анталија, 9 март 2026 (МИА) – Најмалку 14 лица денеска загинаа кога чамец со мигранти се судри со брод на турската крајбрежна стража кај јужната покраина Анталија, соопшти крајбрежната стража.
Британските медиуми пренесуваат дека несреќата се случила откако бродот со мигранти се обидел да избега и покрај предупредувањата да застане.
Според соопштението, крајбрежната стража го забележала глисерот рано утринава кај брегот на округот Финике, во Анталија. Бродот ги игнорирал повторените предупредувања да застане и се обидел да избега, што резултирало со судир со брод на крајбрежната стража.
Во спасувачката операција, спасени се шест мигранти и еден турски државјанин. Пронајдени се 14 мртви лица, додека другите 15 лица од бродот продолжиле да пловат кон копното, каде што биле уапсени.сд/ми/
фото: ЕПА