• вторник, 02 јули 2024

Најмалку 13 загинати, а 25 се повредени во судир на патнички автобус и локомотива во Танзанија

Најмалку 13 загинати, а 25 се повредени во судир на патнички автобус и локомотива во Танзанија

Дар Ел Салам, 29 ноември 2023 (МИА) - Најмалку 13 лица загинаа, а 25 се повредени во судир на патнички автобус и локомотива денеска во регионот Сингда во централна Танзанија, соопшти локалната полиција.

Портпаролката на полицијата Стела Мутахибирва рече дека „бројот на жртвите може да се зголеми бидејќи повеќето од 25-те повредени се во тешка состојба".

Таа додаде дека во автобусот, кој се движел кон Мванза од трговскиот центар Дар ес Салам, имало 57 патници.

Автобусот удрил во локомотивата на железничкиот премин околу 5:00 часот по локално време.

„Изгледа дека возачот на автобусот се обидел да помине низ железничкиот премин без да ги следи безбедносните мерки на претпазливост“, рече Мутахибирва. паг/

Фото: Х
 
 

 

Остани поврзан