• сабота, 05 октомври 2024

Најмалку 11 работници загинаа при уривање на кран на бродоградилиште во Индија

Најмалку 11 работници загинаа при уривање на кран на бродоградилиште во Индија
Хајдерабад, 1 август 2020 (МИА) – Голем кран се урна за време на тест за оптоварување на државното бродоградилиште во јужниот индиски град Вишахапатнам, при што загинаа најмалку 11 работници. На телевизиска снимка се гледа како новиот кран паѓа на земја на државното бродоградилиште „Хиндустан Шипјард“ во пристанишниот град Вишакхапатнам, во државата Андра Прадеш во јужна Индија. Властите соопштија дека кранот се урнал врз работниците кои работеле на дигалката или биле во нејзина близина. Петмина работници се хоспитализирани со повреди. Во моментов се води истрага за несреќата. јт/
vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан