• петок, 17 април 2026

Најмалку 11 лица загинаа во израелски напади во јужен Либан

Најмалку 11 лица загинаа во израелски напади во јужен Либан

Бејрут, 16 април 2026 (МИА) – Најмалку 11 лица, вклучувајќи жени и деца, беа убиени, а десетици беа ранети во денешните израелски напади во јужен Либан, соопшти либанското Министерство за здравство.

Либанската државна новинска агенција (ННА) јави дека Израел денеска извршил неколку напади во јужен Либан, вклучувајќи еден во близина на селото Касмија, во кој беа ранети 15 лица.

Висок либански безбедносен функционер претходно соопшти дека последниот мост што го поврзува јужен Либан со остатокот од земјата е уништен во израелски напад. Службеникот изјави дека мостот бил толку оштетен во израелскиот напад што нема можност да се поправи. Скај њуз наведува дека станува збор за мостот Ал-Касимија.

Израелските медиуми јавија дека израелскиот кабинет за безбедност разгледува еднонеделно примирје во Либан поради притисок од САД, но и дека израелската армија од утрово продолжила да ги гаѓа целите на милитантната група Хезболах во јужен Либан. јт/сд/

Фото: ДПА

Остани поврзан