• понеделник, 23 декември 2024

Најмалку 11 загинати во циклонот Гамане на Мадагаскар, по три лица се трага

Најмалку 11 загинати во циклонот Гамане на Мадагаскар, по три лица се трага

Антананариво, 29 март 2024 (МИА) - Најмалку 11 лица загинаа во тропскиот циклон „Гамане“ што го погоди островот Мадагаскар оваа недела, додека илјадници беа принудени да ги напуштат своите домови, соопшти Канцеларијата за управување со катастрофи.

Поради циклонот Гамане, кој го премина североисточниот дел на Мадагаскар во средата и четвртокот, раселени се повеќе од 18.000 луѓе, додека тројца се уште се водат како исчезнати, соопшти доцна синоќа Националното биро за управување со ризик и катастрофи (БНГРЦ).

На северот на Мадагаскар урнати се мостови и оштетени се патишта.

„Гамане“ е првиот циклон што го погоди Мадагаскар оваа година. паг/

Фото: МИА архива

 



 
 

 

 


 

Остани поврзан