• петок, 22 ноември 2024

Најмалку 10 лица загина при руски напад врз трговски центар во Кременчук (ДПЛ)

Најмалку 10 лица загина при руски напад врз трговски центар во Кременчук (ДПЛ)
Киев, 27 јуни 2022 (МИА) - Антон Герашенко, советник на украинскиот министер за внатрешни работи, на социјалните мрежи објави снимка од спасувачката акција на цивилите од трговскиот центар во Кременчук, што денеска беше ракетиран од руските сили, при што загинаа најмалку 10 луѓе, а 40 се повредени. - Нашите спасувачки служби моментално работат на расчистување на остатоците од трговскиот центар што Русите денеска го нападнаа со крстосувачки ракети. Погледнете што остана од него, истакнува Герашенко во видеото. Украинските воздухопловни сили соопштија дека трговскиот центар бил погоден од два ракети со долг дострел X-22 истрелани од бомбардер Ту-22М3 кој полетал од пистата Шајковка во руската област Калуга. ми/ https://twitter.com/Gerashchenko_en/status/1541462128036651011?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1541462128036651011%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fpublish.twitter.com%2F%3Fquery%3Dhttps3A2F2Ftwitter.com2FGerashchenko_en2Fstatus2F1541462128036651011widget%3DTweet

Остани поврзан