• сабота, 22 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Најмалку 10 лица загинаа ноќеска во Појасот Газа, во израелско бомбардирање на палестинска територија

Најмалку 10 лица загинаа ноќеска во Појасот Газа, во израелско бомбардирање на палестинска територија

Газа, 20 март 2025 година (МИА) - Најмалку 10 луѓе загинаа ноќеска во Појасот Газа, во израелско бомбардирање на палестинска територија, објави Цивилната одбрана.

„Најмалку 10 цивили се убиени, а десетици се повредени во израелските воздушни напади рано утрово, кога се гаѓани шест куќи источно од Кан Јунис, во јужниот дел на Појасот Газа“, изјави портпаролот на Цивилната одбрана Махмуд Басал.

Израел вчера најави дека ќе ги интензивира воените операции како „конечно предупредување“ за жителите на палестинските територии доколку Хамас не ги ослободи израелските заложници.

Службата за цивилна заштита во Појасот Газа соопшти дека најмалку 436 луѓе се убиени во обновените израелските напади, што почнаа во понеделникот вечерта.

Израел продолжи со бомбардирањето, прекршувајќи го прекинот на огнот што почна на 19 јануари, а презеде и серија копнени операции во централниот и јужниот дел од енклавата за да се создаде тампон-зона помеѓу северот и југот на палестинската територија разурната од војна.

Според најновиот извештај на палестинското Министерство за здравство од почетокот на војната во Појасот Газа загинале 49.547 луѓе, од кои поголемиот број деца и жени. паг/

Фото: МИА архива

Остани поврзан