• петок, 28 јуни 2024

Најмалку 10 загинати во експлозија на автомобил-бомба во Могадишу

Најмалку 10 загинати во експлозија на автомобил-бомба во Могадишу
Могадишу, 5 март 2021 година (МИА) -  Најмалку 10 лица загинаа во експлозија на автомобил-бомба што уништи популарен ресторан во сомалиската престолнина Могадишу, соопштија безбедносни извори. Ресторанот се наоѓал во близина на градскиот затвор. -Експлозијата беше многу силна и предизвика масовно уништување и цивилни жртви. И натаму трае операцијата на утврдување на точниот број на жртви, но првичните податоци добиени од безбедносните служби покажуваат дека над 10 лица се убиени во нападот, изјави претставникот на службата за безбедност, Мохамед Осман. Засега се разгледува опцијата дека нападот е дело на исламистичката група Ал Шабаб. сд/

Остани поврзан