• петок, 05 декември 2025

Најмалку четири лица загинаа во судири меѓу демонстрантите и полицијата во Камерун

Најмалку четири лица загинаа во судири меѓу демонстрантите и полицијата во Камерун

Јаунде, 27 октомври 2025 (МИА) – Најмалку четири демонстранти беа убиени во судири со безбедносните сили во Камерун, јавија денеска локалните медиуми.

Демонстрантите вчера излегоа на улиците на неколку градови на повик на опозицискиот кандидат Иса Чирома Бакари, кој тврди дека го победил претседателот Пол Бија на изборите одржани на 12 октомври.

Поддржувачите на камерунската опозиција протестираа барајќи веродостојни резултати од претседателските избори, но полицијата интервенираше и уапси повеќе од 100 демонстранти само во еден регион. јт/

Фото: ЕПА архива

Остани поврзан