• понеделник, 23 декември 2024

Најмалку тројца цивили загинаа во руските напади на Божик

Најмалку тројца цивили загинаа во руските напади на Божик

Киев, 7 јануари 2023 (МИА) – И покрај еднострано прогласеното 36-часовно примирје, руските сили продолжија со нападите и во изминатите 24 часа пријавени се напади врз цивили во најмалку седум региони во источна и јужна Украина, при што загинаа најмалку три лица, а повредени се 14 луѓе.

– Руските војници го гранатираа јужниот дел на Херсон 39 пати во текот на изминатиот ден, а на мета беа станбени згради и зградата на противпожарната станица во ослободениот Херсон, изјави гувернерот Јарослав Јанушевич.

Во источниот регион Доњецк, гувернерот Павло Кириленко изјави дека двајца цивили биле убиени во Бахмут и блискиот град Краснаја Гора. Уште седум се повредени.

– Руските војници продолжија да ги тероризираат цивилите во регионот, при што се напаѓани ослободените области, како и териториите во близина на руската граница. Иако нема жртви, оштетени се станбени и деловни објекти, истакна гувернерот на Харковската Област, Олег Синехубов.

Во југоисточниот дел на земјата, руските војници гранатираа 16 населби во регионот Запорожје, при што се оштетени станбени згради. ми/

Остани поврзан