Најмалку три лица загинаа во Бејрут во израелски напад насочен кон борците на Хезболах
- Најмалку три лица загинаа, а седум се ранети во вчерашниот израелски воздушен напад во јужниот дел на либанската престолнина Бејрут, соопшти либанското Министерство за здравство.

Бејрут, 1 април 2025 (МИА) - Најмалку три лица загинаа, а седум се ранети во вчерашниот израелски воздушен напад во јужниот дел на либанската престолнина Бејрут, соопшти либанското Министерство за здравство.
Израелската армија, пак, објави дека цел на нападот бил борец на либанското шиитско движење Хезболах, кој „неодамна ги насочувал луѓето од Хамас и им помагал“.
Овој напад доаѓа три дена по првиот израелски напад врз Бејрут од стапувањето на сила на примирјето меѓу Израел и Хезболах на 27 ноември.
Нападот денеска предизвика оштетувања на последните три ката од станбена зграда. На местото на настанот пристигнаа екипи на итната помош.
Немаше препорака за евакуација на жителите од областа пред ударот. паг/
Фото: ЕПА