• недела, 17 ноември 2024

Најмалку три жртви во поплавите во Кентаки

Најмалку три жртви во поплавите во Кентаки
Франкфорт, 28 јули 2022 (МИА) – Најмалку три лица загинаа во поплавите во источен Кентаки, соопшти денеска гувернерот Енди Бешер, наведувајќи дека бројот на жртвите може да биде двоцифрен. Бешер претходно прогласи вонредна состојба и рече дека се очекуваат нови поплави. Гувернерот информира дека две лица загинале во округот Пери и едно во округот Нот. Една од жртвите во округот Пери е 81-годишна жена. јт/

Остани поврзан