• понеделник, 23 декември 2024

Најмалку седум Палестинци загинаа, а девет се ранети во израелски напад во Џенин

Најмалку седум Палестинци загинаа, а девет се ранети во израелски напад во Џенин

Ерусалим, 21 мај 2024 (МИА) - Најмалку седум Палестинци загинаа, а девет беа ранети во денешниот напад на израелските сили во Џенин на окупираниот Западен Брег, соопшти палестинското Министерство за здравство.

Израелската армија потврди дека нападнала упориште на екстремистите за време на рацијата во градот.

Меѓу жртвите е и д-р Касаџед Камал Џабарин, хирург во владината болница во Џенин.

„Тој беше убиен на пат кон болница„, изјави директорот д-р Висам Абу Бејкер.

Рацијата се уште е во тек, а бројот на жртвите може да биде поголем. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан