• недела, 28 април 2024

Најмалку седум загинати во израелскиот напад врз јужен Либан

Најмалку седум загинати во израелскиот напад врз јужен Либан

Бејрут, 27 март 2024 (МИА) - Најмалку седум лица загинаа денеска во израелски воздушен напад врз јужниот либански град Набатија, изјавија безбедносни извори за британските медиуми.

Британските медиуми претпоставуваат дека цел на нападот биле засолништата на исламистите во селото Хебарија.

Тројца милитанти на Хезболах вчера беа убиени во израелски воздушен напад во близина на два града во североисточниот дел на Либан, објави групата на платформата Телеграм.

Израел го потврди нападот. сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан