• понеделник, 23 декември 2024

Најмалку пет лица повредени во протестите во Багдад

Најмалку пет лица повредени во протестите во Багдад
Багдад, 1 март 2021 (МИА) - Најмалку пет лица се повредени на денешните протести во Багдад, кога ирачките безбедносни сили упаднаа со палки меѓу демонстрантите на главниот плоштад во Тахрир. Според безбедносни и болнички извори, околу 200 лица демонстрирале на плоштадот Тахрир во врска со насилството од страна на ирачките безбедносни сили врз демонстрантите во јужниот ирачки град Насирија минатиот петок, при што загинаа најмалку осум демонстранти, а 250 беа повредени. Стотици луѓе демонстрираа и денеска во пристанишниот град Басра во знак на солидарност со демонстрантите во Насирија, каде што на 2 февруари избувнаа улични немири и траеја околу една недела. Полицијата потоа пукаше кон демонстрантите кои се обидоа да влезат во зградата на локалната самоуправа, користејќи молотови коктели и камења. Демонстрантите побараа смена на гувернерот и локалниот обвинител поради убиствата на демонстрантите за време на бранот протести против корупцијата, лошата јавна администрација и високата невработеност. паг/  

Остани поврзан