• петок, 05 декември 2025

Најмалку петмина загинати во експлозии во Кабул

Најмалку петмина загинати во експлозии во Кабул

Кабул, 15 октомври 2025 (МИА) - Најмалку пет лица загинаа, а 35 се повредени вечерва во серија експлозии во Кабул пред стапувањето во сила на прекинот на огнот со Пакистан, соопшти италијанската невладина организација „Итна помош“ (Emergency).

Организацијата управува со болница во авганистанскиот главен град.

- Почнавме да примаме амбулантни возила полни со ранети и откривме дека има експлозии на неколку километри од нашата болница, изјави Дејан Панич, лекар и директор на невладината организација во Авганистан.

Според него, „пристигнале четириесет лица, вклучувајќи жени и деца“ од кои петмина биле донесени мртви. јт/

Остани поврзан