• недела, 22 декември 2024

Најмалку девет жени жртви на „дрога за силување“ на прославата на германската СПД

Најмалку девет жени жртви на „дрога за силување“ на прославата на германската СПД
Берлин, 9 јули 2022 (МИА) -   Најмалку девет жени кои присуствувале на забава организирана од германската Социјалдемократска партија (СПД), во која бил и канцеларот Олаф Шолц, биле дрогирани со супстанца позната како „дрога за силување“, објави СПД. Портпаролот на партиската пратеничка група во парламентот го потврди пишувањето на берлинскиот весник Тагесшпигел и додаде дека досега се потврдени девет жртви. Берлинската полиција соопшти дека истражува тешка телесна повреда откако 21-годишна жена поднела пријава. „Ги советувам сите засегнати да поднесат тужба“, напиша на Твитер една од лидерите на СПД, Катја Маст. Во е-пошта испратена до учесниците на таа летна прослава одржана во средата, СПД го осудува „страшниот чин што веднаш бил пријавен во полиција“. Илјадници луѓе беа на традиционалната прослава што СПД ја организира пред летниот одмор, а меѓу нив беше и канцеларот Шолц од таа партија, како и бројни други претставници и соработници. зш/

Остани поврзан