• вторник, 13 јануари 2026

Најмалку деветмина загинати и 55 повредени во судирите во Алепо

Најмалку деветмина загинати и 55 повредени во судирите во Алепо

Дамаск, 8 јануари 2026 (МИА) – Најмалку девет луѓе загинаа, а 55 се повредени при гранатирањето на сирискиот град Алепо, соопшти денеска сириското Министерство за здравство.

Населбите Ашрафија и Шеик Максуд веќе трет ден се гранатирани од курдските Сириски демократски сили (СДФ).

Командантот на СДФ, Мазлум Абди изјави дека распоредувањето тенкови и артилерија во населбите на Алепо, како и обидите за инвазија врз курдските делови од градот за време на преговорите, ги поткопуваат шансите за постигнување договор.

Во меѓувреме, функционер на турското Министерство за одбрана изјави дека турската армија е подготвена да ја „поддржи“ Сирија во нејзината борба против борците на СДФ доколку Дамаск побара помош.

Турција ги смета СДФ за „терористичка организација“ поради поврзаноста со Курдската работничка партија (ПКК), која води децениски конфликт на нејзина територија, иако сега е во тек мировен процес.

Борбите принудија, според владини претставници, околу две третини од цивилите да ги напуштат домовите, а се проценува дека повеќе од 100.000 луѓе се заробени во зоната на конфликтот.

Сириски владини извори истакнаа дека нема директни преговори меѓу СДФ и Влада и оти турската и американската делегација се обидуваат да посредуваат помеѓу двете страни за деескалација. ми/ссм/

фото: МИА архива

Остани поврзан