• петок, 05 декември 2025

Најдобриот француски тенисер го откажа настапот на УС Опен

Најдобриот француски тенисер го откажа настапот на УС Опен

 

Париз, 19 август 2025 (МИА) – Најдобриот француски тенисер Артур Филс објави денеска дека нема да настапи на Отвореното првенство на САД, кое почнува в недела, наведувајќи оти сè уште не е целосно закрепнат од тешката повреда на грбот.

„По повредата што ме држеше надвор од теренот, чувството на будност по враќањето на тенисот, најпрво во Торонто, а потоа и во Синсинати, ме наведе да донесам тешка, но разумна одлука да се повлечам од Отвореното првенство на САД“, истакна Филс (АТП-20) во порака на својот Инстаграм профил.

„Секој ден работам напорно со мојот тим за да се вратам во врвна форма и да бидам подготвен за крајот на сезоната“, додаде францускиот тенисер.

Филс се повлече во второто коло на Ролан Гарос кон крајот на мај по повреда на долниот дел од грбот, поради која го пропушти и Вимблдон. Французинот се врати на теренот кон крајот на јули, на турнирот во Торонто каде загуби во третото коло. Но, како знак дека не е целосно закрепнат, се повлече од следните два турнира, во Синсинати и Винстон Салем. ег

ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан