Најголем број слободни работни места во услужни дејности и продажба
- Во првото тримесечје од 2021 година стапката на слободни работни места изнесува 1,58 проценти. Најголем број слободни работни места - 2.103 има во петтата група занимања – работници во услужн
Скопје, 1 јуни 2021 (МИА) - Во првото тримесечје од 2021 година стапката на слободни работни места изнесува 1,58 проценти. Најголем број слободни работни места - 2.103 има во петтата група занимања – работници во услужни дејности и продажба.
Според податоците на Државниот завод за статистика, највисока стапка на слободни работни места од 4,98 проценти има секторот градежништво, додека најмала е стапката во секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација со 0,15 проценти.
Деловните субјекти со број на вработени од 3 до 9 имаат највисока стапка на слободни работни места, која изнесува 2,39 отсто.
Скопскиот регион има највисока стапка на слободни работни места, која изнесува 1,80 проценти. мд/ац/