• понеделник, 23 декември 2024

Најголемиот приватен сопственик на „Луфтханза“ продава половина од акциите

Најголемиот приватен сопственик на „Луфтханза“ продава половина од акциите
Берлин, 20 мај 2021 (МИА) - Вториот по големина акционер во германскиот авиопревозник, „Дојче Луфтханза АГ“ продава повеќе од половина од своите акции во компанијата, три месеци по смртта на претприемачот Хајнц Херман Тиле, јави Блумберг. „КБ Холдинг ГмбХ“ (KB Holding GmbH), преку која Тиле успеа да се стекне  со 12 отсто удел во германската авиокомпанија „Луфтханза“, а ќе продаде 33 милиони од своите 60 милиони акции. По тековните цени, сумата е околу 358 милиони евра. Семејството Тиле е најголемиот приватен акционер во „Луфтханза“, по германската Влада. Тиле, кој почина во февруари, се најде во насловните страници минатата година како активист инвеститор во драмата со Луфтханза. Тој успеа да се стекне со значителен удел во авиокомпанијата и изрази незадоволство од планот на германската Влада, иако на крајот ја поддржа програмата за спас. Луфтханза падна во криза поради пандемијата со Ковид-19 и целосно затворените граници. Вредноста на компаниијата е проценета на 6,5 милијарди евра. ми/

Остани поврзан