• недела, 22 декември 2024

Најбогатите Австријци загубија милијарди евра поради коронавирусот

Најбогатите Австријци загубија милијарди евра поради коронавирусот
Виена, 26 јуни 2020 (МИА) - Кризата поради коронавирусот сериозно ги погоди најбогатите луѓе во Австрија. Во оваа земја има 41 милијардер, а последиците од кризата врз цената на акциите и дивидендите, се бројат во милијарди евра. На годишно ниво, нивните средства паднаа за девет отсто, или вкупно 15 милијарди - на 155 милијарди евра. Годинешниот список на 100 најбогати Австријци го предводат семејствата Порше и Пих, чие богатство се проценува на 34,8 милијарди евра. Тие изгубија 2,2 милијарди евра во однос на минатата година. Основачот на Ред Бул - Дитрих Матешиц е веднаш зад нив со имот од 14,7 милијарди евра. Тој пак, претрпе загуба од околу милијарда евра. Слични загуби претрпеа и другите 100 најбогати Австријци.  си/сд/

Остани поврзан