• петок, 22 ноември 2024

Најбогатиот Украинец вети помош во обновата на Мариупол

Најбогатиот Украинец вети помош во обновата на Мариупол
Киев, 16 април 2022 (МИА) - Најбогатиот Украинец, Ринат Ахметов, вети дека ќе помогне во обновата на Мариупол, град во кој има две челичарници за кои тврди дека „повторно ќе се натпреваруваат на светскиот пазар“. Деловната империја на Ахметов се распадна како резултат на осумгодишниот конфликт во источна Украина, но тој е убеден дека „храбрите украински борци“ ќе го бранат градот на Азовското Море, кој беше срамнет со бомбардирањето. - Мариупол е глобална трагедија и глобален пример за херојство. За мене Мариупол бил и секогаш ќе биде украински град. Мојата амбиција е да се вратам во Мариупол, Украина и да започнам нов производствен план за да може челикот од Мариупол повторно да се натпреварува на светскиот пазар како порано, рече Ахметов. Неговите две компании, челичаната „Метинвест“ и финансиско-индустриската групација СЦМ во моментов ги подмируваат долговите, а компанијата за производство на електрична енергија ДТЕК во договор со доверителите ја „оптимизирала отплатата на долгот“. „Метинвест“ во петокот објави дека никогаш нема да работи под руска окупација и дека опсадата на градот запрела повеќе од една третина од металуршкиот производствен капацитет на Украина. - Ќе ја обновиме цела Украина, рече Ахметов, додавајќи дека тој се вратил во земјата на 23 февруари и оттогаш живее таму. Според Форбс, богатството на Ахметов во 2013 година изнесувало 15,4 милијарди американски долари, а моментално изнесува 3,9 милијарди долари. Ахметов смета дека на Украина ќе и треба меѓународна програма за обнова, еден вид Маршалов план за Украина. паг/  

Остани поврзан