• понеделник, 23 декември 2024

Најбарана евровизиска песна на Јутјуб е холандската, хрватскиот претставник со најголеми шанси за влез во финалето

Најбарана евровизиска песна на Јутјуб е холандската, хрватскиот претставник со најголеми шанси за влез во финалето

Амстердам, 5 април 2024 (МИА) - Обложувалниците ги отворија квотите за полуфиналните вечери на Евровизија. Така, во првата полуфинална вечер најголеми шанси за влез во финалето има хрватскиот претставник Бејби Лазања, а по неа е Украина.

Што се однесува до второто полуфинале, на прво место е Холандија, а при врвот е и Швајцарија, која засега е и најголемиот фаворит за победа на овогодишниот натпревар.

Холандија, инаку, го привлекува вниманието со песната „Europapa“ со која годинава ќе ја претставува Јост Клајн. Песната е објавена на официјалниот Јутјуб канал на Евросонг пред еден месец и досега има над 17 милиони прегледи. Ниту една песна што беше објавена тој период или на почетокот на оваа година не е ниту блиску до холандската.

Инаку, песната „Europapa“ е писмо од Јост до неговиот покоен татко кој починал од рак и му рекол дека нема граници за тоа што може да постигне.

- „Europapa“ е за сирак кој патува низ Европа (и пошироко) за да се најде себеси и да ја раскаже својата приказна. На почетокот луѓето не го препознаваат, но тој продолжува да ја користи секоја можност за да биде виден. Песната е посветена на мојот татко. Воспитувајќи ме, тој ми го пренесе тој широк поглед на светот, изјави Клајн.

Сепак, обложувалниците на холандската песна ѝ даваат девет отсто шанса за победа.  си/паг/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан