• понеделник, 23 декември 2024

Најавен дует на Бритни Спирс и Елтон Џон

Најавен дует на Бритни Спирс и Елтон Џон

Лос Анџелес, 27 јули 2022 (МИА) - Бритни Спирс и Елтон Џон снимија преработка на неговата песна „Tiny Dancer“ од 1971 година. Како што пишува „Пејџ сикс“ тие ја снимиле траката минатата недела во студио во Беверли Хилс.

„Ова беше негова идеја и Бритни се сложи. Тие ја снимија обработката на легендарниот сингл 'Tiny Dancer' и тоа навистина звучи неверојатно. Работеа со продуцентот Ендру Ват", изјави извор близок до музичарите. Тој додаде дека Бритни се радува на големото враќање на сцената. Инаку, последниот сингл наречен „Slumber Party“ таа го објави 2016 година. „Јуниверзал мјузик“ ќе ја објави песната следниот месец. https://youtu.be/yYcyacLRPNs Инаку, списанието „Ролинг стон“ ја вклучи песната на Елтон меѓу 500-те најдобри песни на сите времиња - на 47. место.  си/

Остани поврзан