• петок, 05 декември 2025

Љутков во работна посета на Дојран и Гевгелија

Љутков во работна посета на Дојран и Гевгелија

Скопје, 12 септември 2025 (МИА) – Министерот за култура и туризам Зоран Љутков денеска е во работна посета на Дојран и Гевгелија. 

Како што соопштуваат од Министерството за култура и туризам, во рамки на посетата Љутков ќе оствари средби со претставници на локалната самоуправа и ќе посети повеќе значајни културно-историски споменици и локалитети во регионот на Дојран и Гевгелија, по што посетата ќе ја заврши со присуство на фестивалот „Вкуси го Југот“ во Гевгелија.

– Во рамки на посетата министерот ќе оствари средби и ќе посети повеќе значајни културно-историски споменици и локалитети во регионот на Дојран и Гевгелија. Посетата ќе заврши со присуство на фестивалот „Вкуси го Југот“ во Гевгелија. Изјава за медиумите е предвидена во Гевгелија, во Старата чаршија, стои во соопштението. ра/са/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан