Јавна презентација за Националниот регистар за подземни води
- Од Министерството за животна средина и просторно планирање информираат дека денеска ќе се одржи јавна презентација на Националниот регистар за подземни води.
Скопје, 14 јули 2023 (МИА) - Од Министерството за животна средина и просторно планирање информираат дека денеска ќе се одржи јавна презентација на Националниот регистар за подземни води.
Воведно обраќање, како што е најавено, ќе имаат министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова и амбасадорката на Швајцарија во Северна Македонија, Вероник Улман.
- Целта на Програмата е да ја поддржи Северна Македонија во воспоставување на долгорочно, повеќестепено и системско управување со подземните води како важен стратешки природен ресурс, и да ги зајакне релевантните власти и граѓанското општество за нивно одржливо управување, соопштија од Министерството за животна средина и просторно планирање. цр/бак/
Фото: МИА