• недела, 22 декември 2024

Четири од пакетот закони на МИОА на собраниската Комисија за европски прашања

Четири од пакетот закони на МИОА на собраниската Комисија за европски прашања

Скопје, 30 јануари 2024 (МИА) - Во Собранието денеска седница ќе одржи Комисијата за европски прашања.

Членовите на Комисијата ќе дискутираат по четирите од пакетот закони подготвени од Министерството за информатичко општество и администрација - Предлог на законот за административни службеници, Предлог на законот за стручно усовршување и обука на административните службеници, Предлог на законот за вработените во јавниот сектор и Предлог на законот за безбедност на мрежни и информациски системи и дигитална трансформација, сите по скратена постапка.

Истите четири закони се на дневен ред и на собраниската Законодавно - правна комисија.

Министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу минатата недела на прес-конференција ги повика пратениците да ги разгледаат сите дилеми во врска со пакетот закони предложен од МИОА, кои пред повеќе од еден месец се усвоени од Владата, а се заглавени во Собранието. 

Се работи за законите поврзани со јавната администрација, за дигитализација и за медиуми на кои МИОА работело подолго време и кои, рече Алиу, се клучни и од суштинско значење за олеснување на животот на граѓаните. Посочи дека тие се поврзани и со трите столба – администрација, дигитализација и медиуми од програма на ЕУ „Дигитална Европа“ со која летото нашата држава склучи договор.фф/ев/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан