• вторник, 17 декември 2024

Хуманитарен настан „МКЦ е Солидарност!”

Хуманитарен настан „МКЦ е Солидарност!”

Скопје, 18 февруари 2023 (МИА) - Младинскиот културен центар (МКЦ) денеска организира хуманитарен настан „МКЦ е Солидарност!” како придонес за настраданите во катастрофалниот земјотрес што ги погоди централниот дел на Турција и северна Сирија.

„МКЦ е Солидарност!” ќе почне во 19 часот, а предвидува настап на музичките групи Дориан и Добрила дуо, Џенгиз Ибрахим, Зарина Првасевда, Cruel, Занаду, Vaigna Corporaiton и Калата, аукција на ликовни дела од локални уметници, како и изведба на театарската претстава „Шопинг енд факинг” во продукција на НУ Турски театар Скопје.

Влезниците за театарската претстава и музичкката програма се наплаќаат засебно, по симболична цена од 150 денари, со можност публиката да откупи повеќе билети. Собраните средства од аукцијата на ликовните дела ќе бидат исто дел од сумата за донација.

Хуманитарната помош ќе се исплати во целост и ќе се донира на сметките отворени за оваа намена преку Црвениот крст на РС Македонија, додека средствата од делата продадени на аукцијата ќе бидат донирани во поставените кутии од Црвениот крст на Град Скопје.

Во Џебното кино е закажана бесплатна проекција на серијалот „Турски чај” во режија на Петра Селишкар. мч/дма/

Остани поврзан