Хуманитарен концерт „Звукот на човечноста“
- Хуманитарен концерт насловен „Звукот на човечноста“ ќе се одржи вечер во НУЦК „Антон Панов“ во Струмица во организација на „Елеуса“ Фондација.
Скопје, 25 април 2023 (МИА) - Хуманитарен концерт насловен „Звукот на човечноста“ ќе се одржи вечер во НУЦК „Антон Панов“ во Струмица, во организација на „Елеуса“ Фондација.
Како што соопштуваат од Фондацијата, ова е прв настан од ваков вид, во нивното портфолио како организација, но и ревијален настан за заедницата. Средствата собрани од продажбата на билетите ќе бидат наменети за хумананата мисија на Елеуса Фондација за поддршка на ранливи семејства.
-Првпат на една сцена ќе настапат бендовите на трите средни училишта од Струмица „Јане Сандански“, „Димитар Влахов“ и „Никола Карев“, основното музичко училиште „Боро Џони“ и Вокално-инструменталната група „Стихири“. Тоа е силата на заедништвото, на соработката и на солидарноста, атрибути кои ги негуваме и поттикнуваме...Очекуваме дека, онака како што ентузијастички се вклучија училиштата во оваа хумана мисија, така и публиката со задоволство ќе одговори за сите заедно да учествуваме во помагањето на над 1.000 семејства кои добиваат директна поддршка од нашата Фондација, наведуваат од „Елеуса“. вг/лв/