• среда, 02 октомври 2024

Фолклорна манифестација „На гости во Ханриево“

Фолклорна манифестација „На гости во Ханриево“

Скопје, 15 септември 2024 (МИА) - Во реонскиот парк во Ѓорче Петров денеска напладне ќе се одржи фолклорната манифестација „Од Бистра преку Дервен до Ханриево: На гости во Ханриево“. На манифестацијата, што се одржува под покровителство на Општина Ѓорче Петров, три години по ред по седум детски ансамбли од културно-уметничките друштва го презентираат богатото фолклорно наследство. 

Како што велат од Општината, целта на манифестацијата е да се поттикне интересот кај најмладите за негување и зачувување на македонската традиција.

На годинашнава манифестација ќе учествуваат членови од детските ансамбли на: КУД „Гердан од бисери“ – Охрид, Ансамбл „Керамичар“ – Велес, КУД „Димитар Беровски“ – Берово, Ансамбл „Орце Николов“ – Скопје, Ансамбл „Јонче Христовски“ – Скопје и ЕФЗ „Седум осмини“ од Скопје.

Во реонскиот парк во Ѓорче Петров в недела на пладне ќе се одржи манифестацијата „Од Бистра преку Дервен до Ханриево: На гости во Ханриево“. Станува збор за фолклорна манифестација под покров

Манифестацијата е во организација на Едукативното фолклорно здружение „Седум осмини“ од Ѓорче Петров и е дел од одбележувањето на „Денови на Општина Ѓорче Петров“.вј/ев/

Фото: Општина Ѓорче Петров

vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан