• понеделник, 14 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Утрото со врнежи од дожд, во текот на денот со сончеви периоди

Утрото со врнежи од дожд, во текот на денот со сончеви периоди

Скопје, 18 октомври 2023 (МИА) - Времето денеска во утринските часови во јужните делови ќе биде со локални врнежи од дожд. Во текот на денот ќе биде променливо облачно и потопло со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 12, а максималната ќе достигне од 13 до 19 степени.

Во Скопје, информираат од УХМР, времето ќе биде променливо облачно, попладне со повеќе сончеви периоди. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 17 степени.

Од утре ќе преовладува променливо облачно и потопло време со сончеви периоди. Во петок и сабота ќе дува засилен југоисточен ветер, кој ќе предизвика значителен пораст на температурата. Во сабота попладне и во текот на ноќта кон недела, според УХМР, ќе има повремени врнежи од дожд. цр/лв/

фото: МИА архива

Остани поврзан