• петок, 05 декември 2025

Традиционална изложба „Четирите мајстори на модернизмот“ во КИЦ - Скопје

Традиционална изложба „Четирите мајстори на модернизмот“  во КИЦ - Скопје

Скопје, 20 мај 2025 (МИА) - Традиционалната изложба „Четирите мајстори на модернизмот“ на која учествуваат студентите од четврта година на Факултетот за ликовни уметности – Скопје на Студиската програма за сликарство ќе биде отворена вечер во Култутно информативниот центар - Скопје.

Оваа изложба е воспоставена во чест на основоположниците на Факултетот за ликовни уметности од Катедрата за сликарство, професорите Петар Мазев, Родољуб Анастасов, Димитар Кондовски и Душан Перчинков. 

Учесници се Андреј Антевски, Ана Томовска, Благица Трајкоска, Горазд Николовски, Елена Стојкова, Ема Теовска, Марија Ќурчиева, Марија Нешкоска, Павел Бучковски, Христијан Петровски, ќе излага и Хорхе Триано (еразмус студент), од класата на проф. Благоја Маневски од прва до трета година и проф. Ангел Миов во четврта година. дма/са/

Фото:Плакат

 

Остани поврзан