Статусот на реализација на Реформската агенда на земјава на Националниот совет за евроинтеграции
- Како што информираат од собраниската прес-служба, на дневен ред е Статусот на реализација на Реформската агенда на Република Северна Македонија (2024-2027), идни чекори и предизвици.
Скопје, 26 мај 2025 (МИА) - Во Собранието денеска седница ќе одржи Националниот совет за евроинтеграции. Како што информираат од собраниската прес-служба, на дневен ред е Статусот на реализација на Реформската агенда на Република Северна Македонија (2024-2027), идни чекори и предизвици.
На седницата, како што најавуваат од Собрание, ќе присуствува министерот за европски прашања Орган Муртезани, кој се очекува да ја презентира досегашната реализација на Реформската агенда и идните чекори што произлегуваат од овој значаен стратешки мдокумент во процесот на интеграцијата во Европската унија.фф/са/
Фото: МИА Архива