• вторник, 07 мај 2024

Сончево и релативно топло

Сончево и релативно топло

Скопје, 28 април 2024 (МИА) – Времето денеска ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 10, а максималната ќе достигне од 21 до 27 степени Целзиусови.

Во Скопје ќе биде сончево и релативно топло со мала облачност и со слаб североисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 26 степени.

Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), следува период на сончево и релативно топло време со мала до умерена облачност. Локална појава на попладневна нестабилност со пороен дожд и грмежи се очекува кон средината на следната седмица.вј/ев/

Фото: МИА архива

Остани поврзан