Собранието треба да избере член на Судскиот совет
- Собранието денеска треба да ја одржи 94. седница, на чиј дневен ред преостанати се уште три точки - предлог за избор на член на Судскиот совет на Република Северна Македонија, предлог на Законот за изменувањето и дополнувањето на Законот за пензиското и инвалидското осигурување, по скратена постапка, и предлог на Законот за изменувањето на Законот за утврдувањето јавен интерес и номинирањето стратешки партнер за имплементација на проектот за изградба на инфраструктурниот Коридор 8 (делница Тетово - Гостивар - Букојчани и проектот за автопатот Требеништа - Струга - Ќафасан) и на Коридорот 10 д (делница на автопатот Прилеп - Битола) во Република Северна Македонија, по скратена постапка.
Скопје, 19 март 2026 (МИА) - Собранието денеска треба да ја одржи 94. седница, на чиј дневен ред преостанати се уште три точки - предлог за избор на член на Судскиот совет на Република Северна Македонија, предлог на Законот за изменувањето и дополнувањето на Законот за пензиското и инвалидското осигурување, по скратена постапка, и предлог на Законот за изменувањето на Законот за утврдувањето јавен интерес и номинирањето стратешки партнер за имплементација на проектот за изградба на инфраструктурниот Коридор 8 (делница Тетово - Гостивар - Букојчани и проектот за автопатот Требеништа - Струга - Ќафасан) и на Коридорот 10 д (делница на автопатот Прилеп - Битола) во Република Северна Македонија, по скратена постапка.
Собраниската Комисија за изборите и именувањата утврди предлог-листа од двајца кандидати за избор на член на Судскиот совет на Република Северна Македонија, што го избира Собранието: Cejфула Османи, доктор на правни науки од Градец, Врапчиште, и Apбер Исаку, дипломиран правник од Тетово.
Со предлогот на Законот за изменувањето и дополнувањето на Законот за пензиското и инвалидското осигурување, по скратена постапка, треба да се овозможува зголемувањето на пензиите во согласност со планираните политики на Владата.
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, вчера, при образложувањето за предлогот на Законот за изменувањето на Законот за утврдувањето јавен интерес и номинирањето стратешки партнер за имплементација на проектот за изградба на инфраструктурниот Коридор 8 (делница Тетово - Гостивар - Букојчани и проектот за автопатот Требеништа - Струга - Ќафасан) и на Коридорот 10 д (делница на автопатот Прилеп - Битола) во Република Северна Македонија, пред пратениците истакна дека станува збор за техничка измена на само еден член.
- Имајќи предвид дека ЈПДП има релативно солиден буџет од сопствени извори и средства, сметаме дека, поради големината и значењето на проектот, добро е и тоа да е вклучено како носител и инвеститор во проектот - појасни Николоски. фф/бк/
Фото: МИА Архива