„Слушни ромски“ - настан по повод Светскиот ден на ромскиот јазик
- По повод 5 Ноември – Светскиот ден на ромскиот јазик, вечер од 18.30 часот во Едукативниот културен центар Лабораториум ќе се одржи настан насловен „Слушни ромски“ (Šun romane).
Скопје, 4 ноември 2024 (МИА) - По повод 5 Ноември – Светскиот ден на ромскиот јазик, вечер од 18.30 часот во Едукативниот културен центар Лабораториум ќе се одржи настан насловен „Слушни ромски“ (Šun romane).
Организатор на настанот е Ромскиот културен и медија центар Бариканипе во соработка со Институтот за истражување и анализа на политики Ромалитико и Здружението на љубители на ромскиот фолклор Романо Ило.
Настанот ќе опфати панел-дискусија на ромски јазик, креативен перформанс и ќе биде изложена библиотека со книги на ромски јазик. хс/лв/
Фото: РКМЦ Бариканипе