Седници на четири собраниски комисии
- Во Собранието денеска седници ќе одржат комисиите за земјоделство, шумарство и водостопанство, за финансирање и буџет, за економски прашања, труд и енергетска политика и Законодавно-правна комисија.
Скопје, 18 јули 2025 (МИА) - Во Собранието денеска седници ќе одржат комисиите за земјоделство, шумарство и водостопанство, за финансирање и буџет, за економски прашања, труд и енергетска политика и Законодавно-правна комисија.
На дневен ред на Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство е Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за тутун, производи од тутун и сродни производи, по скратена постапка.
Пред членовите на Комисија за финансирање и буџет ќе се најдат Предлог законот за издавање на вредносни ваучери и Предлог законот за изменување на Законот за стоковните резерви, двата по скратена постапка.
Собраниската Комисија за економски прашања, труд и енергетска политика ќе го разгледа Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за технолошки индустриски развојни зони, по скратена постапка.
На дневен ред на Законодавно-правна комисија се Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за тутун, производи од тутун и сродни производи, Предлог законот за изменување на Законот за стоковните резерви, Предлог законот за издавање на вредносни ваучери и Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за технолошки индустриски развојни зони, сите по скратена постапка. дма/са/
Фото: МИА архива