• сабота, 23 ноември 2024

Седници на собраниските комисии за надворешна политика и Законодавно правната

Седници на собраниските комисии за надворешна политика и Законодавно правната

Скопје, 5 септември 2023 (МИА) - Во Собранието на Република Северна Македонија денеска седници ќе одржат Комисијата за надворешна политика и Законодавно правна комисија.

Предлог - законите за ратификација на договорите за соработка во заштита од катастрофи во Западен Балкан и за техничка соработка меѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Јапонија, се на дневниот ред на седниците на двете собраниски комисии.  

Членовите на Комисиите за надворешна политика и Законодавно правната комисија ќе се дискутираат и по Предлог - законите за ратификација на Спогодбата помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Советот на министри на Република Албанија зa меѓународен воден транспорт во Oхридското Езеро и за изменетата Спогодба за јавни набавки (2012) со Одлуката од Комитетот за јавни набавки на Светската трговска oрганизација за пристапување на Република Северна Македонија кон изменетата Спогодба за јавни набавки (2012).  

На агендата на седниците и на двете комисии, за надворешна политика и Законодавно  правната комисија, како што е најавено, ќе се распорава и по Предлог на закон за ратификација на Шестиот дополнителен Протокол кон Спогодбата за мултинационалните мировни сили на Југоисточна Европа. цр/са/

Фото:МИА

Остани поврзан