• петок, 28 јуни 2024

Свечено одбележување на 65-годишнината од основањето на Технолошко - металуршкиот факултет при УКИМ

Свечено одбележување на 65-годишнината од основањето на Технолошко - металуршкиот факултет при УКИМ

Скопје, 20 јуни 2024 (МИА) – По повод 65-годишнината од основањето на Технолошко - металуршкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, денеска во просториите на Факултетот, со почеток во 18 часот ќе се одржи свечено одбележување.

На настанот ќе бидат доделени дипломи за студентите кои магистрирале и дипломирале во учебната 2022/2023 година, плакети на истакнатите личности кои дипломирале на ТМФ, како и на вработените кои навршиле 35 години стаж во Факултетот.

Како што стои во најавата, во 20 часот во Аулата на ТМФ ќе се одржи и модна ревија на студентите од Институтот за текстилно инженерство под менторство на проф. м-р Лидија Георгиева. ра/са/

Фото: ТМФ

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан